Коко Гоф: Се надевам дека нема да го испуштам американското знаме на отворањето на Игрите

Американската тенисерка Коко Гоф го сподели своето возбудување и нервоза пред да се сретне со својот сонародник и НБА ѕвезда, Леброн Џејмс. Тие двајца ќе имаат чест да го носат знамето на Соединетите Американски Држави за време на отворањето на Олимписките игри во Париз.

Дваесетгодишната шампионка од Отвореното првенство на САД и Леброн Џејмс ќе го држат националното знаме на специјален брод, кој ќе плови по реката Сена во петок, кога официјално ќе биде прогласен почетокот на Олимпијадата во француската престолнина.

„Гледав фотографии од други церемонии на отворање на Игрите, но мислам дека никој некогаш го направил тоа на брод и немам поим што треба да направам. Само се надевам дека нема да го испуштам знамето и се надевам дека нема да биде премногу високо“, сподели одушевено Гоф пред новинарите.

Коко Гоф ќе учествува во сингл и во двојки на земјените терени на „Ролан Гарос“ во Париз. Олимпискиот турнир во тенис започнува в сабота и младата тенисерка се надева дека ќе ги продолжи своите успеси на меѓународната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести