23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Коко Гоф со пресврт до прв трофеј на Ролан Гарос

Американката Коко Гоф за првпат во својата кариера успеа да дојде до трофејот од Ролан Гарос. Гоф во финалето ја совлада Арина Сабаленка после голема драма во три сета и 160 минути.

Прворангираната тенисерка на ВТА листата, Сабаленка, го освои првиот сет, но во тај-брејк со 7-5 на поени. Следуваше комплетен пресврт на Гоф. Американската го доби вториот сет со 6-2, додека во третиот беше подобра со 6-4. Сабаленка имаше брејк-топка за израмнување на 5-5, но Гоф успеа да се извлече, што на крајот ѝ го донесе трофејот.

За Гоф ова е втор трофеј од Грен Слем турнирите, откако пред две години победи на УС опен, додека Сабаленка останува на три трофеи, но ниту еден од нив не е на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести