Американска тенисерка Коко Гоф е новиот светски рекет број 1 во парови и со тоа постави рекорд како втора најмлада тенисерка која стигнала до врвот на дубл-листата.
Само со 18 години и 154 дена, Гоф испиша историја, а помлада тенисерка од неа која била број 1 во парови е само Мартина Хигинс со 17 години и 251 ден.
Американката во пар со Џесика Пегула триумфираа на турнирот во Торонто, со 2-1 во сетови во големото финале против Мелихар и Перес, со 6-4, 6-7, 10-5.
https://twitter.com/WTA/status/1558946409952399360