Кол Палмер откри зошто носи маска во авион: „Не е болест, туку фобија“

Ѕвездата на Челси и англиски репрезентативец, Кол Палмер, објасни зошто често носи заштитна маска при патувањата со авион. 23-годишниот офанзивен играч привлече внимание кога беше забележан со маска при пристигнувањето на тимот во САД, слегувајќи од авионот.

Многумина претпоставија дека станува збор за здравствена мерка или шега, но Палмер ги отфрли тие гласини.

„Не, не е шега. Само не можам да го поднесам мирисот во авионите. Затоа носам маска“, изјави тој, додавајќи дека досега никому не му ја открил оваа своја фобија.

Палмер со оваа искреност покажа дека и најголемите ѕвезди имаат свои мали слабости, дури и кога станува збор за нешто толку секојдневно како патување со авион.

- Оглас -

Најнови вести