Колабира на теренот, ситуацијата беше критична, а сега упати порака од болничкиот кревет

Поранешниот холандски репрезентативец Бас Дост, колабираше на теренот за време на дуелот АЗ Алкмар и НЕЦ Најмеген. Се играа последните минути од дуелот кога Дост изненадувачки падна на средината од теренот.

Веднаш реагираа фудбалерите кои беа блиску до него, а веднаш се појави и Брза помош. Лекарите навремено реагираа, а по неколкуминутна интервенција, фудбалерот додека заминуваше во болница, ја крена раката сигнализирајќи дека е подобро.

На социјалните мрежи на НЕК Најмехен вечерва се појави фотографија од Дост и негова порака до сите кои беа загрижени за неговата состојба.

„Добро ми оди. Помошта која ја добив на теренот беше фантастична. Сега сум во болница и добро се чувствувам. Благодарам на поддршката“, гласи пораката од Дост.

- Оглас -

Најнови вести