Коларов и Фацио за нови три бода на Рома

Рома со конечни 2-1 беше подобра од Болоња во последниот меч од 24-тото коло во Серија А. Избраниците на Еузебио ди Франческо ја продолжија низата добри резулати во италијанскиот шампионат на седум меча, а до новите три бода стигнаа благодарение на дефанзивците Коларов и Фацио.

По израмнетите сили во првото полувреме, во кое се видоа дури пет жолти картони, а ниту еден гол, домаќините во 54-тата минута дојдоа до предност по голот на искусниот лев бек со погодок од белата точка. Дваесетина минути подоцна, Рома одново се радуваше на гол, овојпат стрелец беше стоперот Фацио, а во 84-тата минута гостите од Болоња намалија, односно го поставија конечниот резултат со погодокот на Сансоне.

Рома со 11-тата победа има вкупно 41 бод и стои на петтото место на табелата, има еден бод помалку од Милан. Болоња, пак, го претрпе 12-тиот пораз сезонава, па со 18 бода се наоѓа во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести