Колата од која беше пукано во Ковачевиќ претворена во пепел, но оставена е важна трага

Автомобилот со кој бил човекот што го нападна Дарко Ковачевиќ е целосно изгорен и пронајден на 700 метри од местото на инцидентот во кој беше беше пукано врз некогашниот фудбалер на Олимпијакос и репрезентацијата на нашиот северен сосед.

Полицијата смета дека намерата на напаѓачот не била да го убие Дарко, туку да го заплаши или да му испрати порака. Нападот бил мудро испланиран, а веројатно станува збор за професионалци кои за да ги уништат доказите, го запалиле возилото. Ковачевиќ изјави дека имало само еден напаѓач со пиштол и дека има повреда само на коленото.

Но, освен тоа што е најдена колата од марката „Смарт“, пронајден е и пиштолот од кој е пукано во Ковачевиќ. Пиштолот бил внатре во запалениот автомобил.

- Оглас -

Најнови вести