Колкав е договорот со ПСЖ? Меси за секое трепкање со очи ќе заработува по шест евра!

Лионел Меси веќе е нов играч на Пари Сен Жермен и според договорот, најмалку до јуни 2023 година ќе биде дел од францускиот гигант. Аргентинецот за овие две години ќе заработи речиси 100 милиони евра, од кои дури 60 милиони евра се за првата сезона.

Газдата на ПСЖ, Насер Ал Келаифи ќе го почести аргентинскиот генијалец со 25 милиони евра само за лојалноста да го стави потписот на договорот со Светците. За секоја од двете сезони на Меси ќе му „легнат“ и по 35 милиони евра. Ако овие пари се поделат на месечно ниво, Меси ќе заработува нешто помалку од три милиони евра за секој месец, односно 727.000 евра на неделно ниво.

На дневна база, Меси ќе добива малку повеќе од 100.000 евра, а на саатница тоа би било околу 4.333 евра. Претворено во минути тоа се 72 евра за секоја минута, односно 1,2 евра за секоја помината секунда. Ако Меси трепка како просечен човек, односно 12 пати во минута, тоа значи дека за секое трепкање со очите, на сметката на Меси „легнуваат“ по шест евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека овој договор на Меси со ПСЖ не е неговиот најбогат во кариерата, затоа што според „Мондо Депортиво“, вели дека во последните четири години во Барселона, по сезона заработувал неверојатни 138 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести