Колку пари ќе загуби Манчестер сити со неиграњето во ЛШ?

Манчестер сити заработи суспензија од две години забрана за играње во Лигата на шампионите, откако УЕФА откри неправилности во финансиското работење на клубот и непочитување на финансискиот ферплеј. Покрај забраната за играње во елитното натпреварување на УЕФА, Граѓаните ќе треба да платат 30 милиони фунти парична казна.

Еден од стручњаците за финансиите во фудбалот, Киарен Мегваер потенцира дека Сити мора да ги употреби сите расположливи средства за да се жали на оваа одлука, затоа што казната е многу повеќе од тоа што првично делува.

„Сити има добри адвокати и верувам дека сега ќе ги активира. Приходите од Лигата на шампиони се клучни за овој клуб, се работи за сума од 150 милиони евра на годишно ниво. Тоа значи дека за две години ќе загубат 300 милиони евра. Затоа мора да пробаат да ја добијат жалбата“, објаснува Мегваер.

Актуелниот англиски првак се соочува и со одземање на бодови во англиското првенство, но засега нема официјална потврда за такво нешто.

- Оглас -

Најнови вести