И Премиер лигата ќе удри по Манчестер сити, но тоа не се најлошите вести

На Манчестер сити сега му се заканува одземање бодови во Премиер лигата. Фактот што актуелниот англиски шампион ги прекрши правилата на УЕФА и Финансискиот фер плеј, значи дека направиле прекршоци и според правилникот на домашното натпреварување.

Медиумите од Островот шпекулираат дека челниците на ПЛ размислуваат да им одземат бодови на Граѓаните, но засега не е јасно дали ќе реагираат оваа сезона или пак казната ќе важи за следната сезона, како и колку точно бодови ќе им бидат одземени.

Британскиот „Телеграф“ воедно најави заминување на Пеп Гвардиола по крајот на сезоната доколку жалбата на клубот до Судот за спортска арбитража е неуспешна.

Манчестер сити моментално е на второто место на табелата со 51 бод, односно 22 помалку од лидерот Ливерпул, додека во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести