Колку понекогаш фудбалот е неправеден – Со дриблинзи им „кршеше“ кичми на Белгијците, но сè е џабе, на крајот е трагичар на мечот (Видео)

Алфонсо Дејвис е трагичар на Канада во поразот од 0:1 против Белгија, иако одигра одличен премиерен меч на Мундијалот во Катар.

Брзоногиот репрезентативец на Канаѓаните вешто ги дриблаше противниците, беше ударната сила на својата селекција, но сè е џабе бидејќи ќе му се памети промашениот пенал во десеттата минута при резултат 0:0.

Дејвис шутна лошо, Тибо Куротоа мајсторски го прочита и му го одбрани ударот од белата точка.

И потоа наместо Канада да води, казни Миши Батшуаји со победнички гол за Белгија во 44-тата минута.

А, како играше Дејвис, најдобра потврда е дриблингот во 32-рата минута, кога и буквално со одлична финта го лизна противникот на трева и лесно го мина.

Alphonso Davies Great Skill vs Belgium 32′ from soccer

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести