Невидена драма – Иран го нокаутира Велс со голови во 99-тата и 101-вата минута (Видео)

Иран го победи Велс со голови во 99-тата и 101-вата минута, односно деветтата и единаесеттата од судиското продолжение на многу драматичен начин.

Розбех Чесми и Рамин Резаеијан се јунаците на Иранците и тие ги дадоа головите за победа, прва на Иран воопшто против европски селекции на Мундијалите.

Чесми, кој влезе како резерва во 77-мата минута, погоди мајсторски со силен удар од 20-тина метри, а голот можете да го погледнете ОВДЕ.

И десниот бек Резаеијан само 120 секунди подоцна беше прецизен и ја потврди победата.

Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Премиерата на второто коло на СП во Катар ја одбележа и првиот црвен картон што го доби голманот на Велшаните, Вејн Хенеси, во 86-тата минута.

Хенеси се обиде да го спречи Тареми да даде гол, а стартот надвор од шеснаесетникот беше груб и иако првично беше покажан жолт картон, судијата Ескобар ја смени одлуката откако ја прегледа ситуацијата со помош на ВАР-системот.

Иран беше подобар ривал, имаше повеќе шанси и на крајот успеа да победи на драматичен начин.

Иран има три бода, а Велс остана на еден по две кола во група, во која вечер од 20 часот ќе играат Англија против САД.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести