Популарниот колумбиски фудбалер Едвин Кардона има неверојатна животна приказна. Играчот кој има дури 45 настапи за репрезентацијата на Колумбија сега се надево фокусот не поради фудбалски потег, туку поради неговото семејство.
Кардона, кој има 33 години, моментално игра за најпопуларниот клуб во земјата, Атлетико Насионал. Тоа е клубот во кој ја почна кариерата, но потоа имаше богата интернационална кариера, настапуваше и за Бока јуниорс, а сега повторно се врати во тимот од детството.
Тоа што е посебно невообичаено за Кардона е тоа дека има ќерка која е помала од него само 12 години. На 21-виот роденден на неговата ќерка Ана биле постирани фотографии кои станаа вирални.
: Ana Cardona, the oldest daughter of Colombian footballer Edwin Cardona, has turned 21, while her father is only 32.
Edwin Cardona was 11 years old when his girlfriend became pregnant at the age of 14. pic.twitter.com/rFNzKN5Y8L
— The Touchline | (@TouchlineX) January 21, 2026
Кардона има три деца, а кога имал само 11 години ја затруднел својата девојка Каролина Касрано, која тогаш имала 14 години. Овој пар подоцна се венча и сега имаат вкупно три деца.
View this post on Instagram
Покрај најстарата ќерка Ана, тука е и ќерката Марија Анхел ,која има 15 години, додека синот Емилијано има 12 години.
Во Колумбија во минатото беше дозволено да се стапува во брак со 14 години, но сега таа граница е подигната на 18 години.

