Коман е магнет за трофеи: има 26 години, а веќе 12 шампионски лигашки титули

Францускиот фудбалер Кингсли Коман, со освоената Буундеслига по осми пат во кариерата, ја продолжи својата неверојатна низа на титули во националните првенства.

Коман има 26 години, и во кариерата освоил дури 12 титули, во секоја сезона во кариерата освојува барем по една титула во националните шампионати во кои играл. Осум титули има во Бундеслигата, а по две во италијанската Серија А и француската Лига 1. Сп Франција има титула светски првак, а со Баерн ја освои и Лигата на шампионите.

Коман вчера го даде првиот гол за Баерн и даде свој придонес во освојувањето на титулата. Повеќе лигашки титули од него има само Рајан Гигс, 13, рекорд кој Коман може да го израмни следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести