Французинот Кингсли Коман беше стрелец на единствениот гол на првиот осминафинален меч помеѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, а и во 2020 година го даде голот во финалето на ЛШ кога Баварците ги совладаа Светците истотака со 1-0.
Коман е екс член на ПСЖ, и чувствува љубов кон клубот, но професионализмот му е на прво место.
„Сите знаат колку го сакам ПСЖ, иако не зборувам цело време за тоа, поради почит кон клубот за кој играм веќе седум години. Се разбира дека ќе дадам максимум за Баерн да оди понатаму. На првиот меч имаше навреди кон мене, но решив да не прославувам од почит, тие неколку луѓе нема да ми го сменат мислењето за ПСЖ. Ако дадам уште голови, ќе ги прославам“ – вели Коман.