Комбо-пакет од фудбал, кошарка и тенис во денешниот предлог-тикет

4206 Атлетико Тукуман – Ланус (21:30 часот)

Двете екипи тргнаа со идентичен учинок во новата сезона, со по два бода освоени на исто толку меча, Атлетико и Ланус се во потрага по првата победа.

И според ефикасноста се неразделни, по еден гол постигнаа двете екипи, по еден и примија, а одиграа и мечеви без голови, па сега може да се претпостави дека и вечерва ќе се мачат во мисијата да се тресат мрежите.

Во три од последните пет меѓусебни средби на Атлетико и Ланус имало повеќе од три погодоци, па затоа границата од 2-4 гола делува логично.

Предлог тип: 2-4 (1.56)

 

4207 Банфилд – Централ Кордоба (21:30 часот)

Банфилд трага по првата победа и веројатно ќе ја дочека вечерва бидејќи противникот се мачи со бројни повреди.

Со реми и победа Кордоба тргна во новата сезона, но сега гостува на непозната територија. Тој факт навестува дека гостите тешко ќе го одбранат својот гол, а се очекува мрежите да се тресат најмалку трипати.

Предлог тип: 3+ (2.22)

 

8081 Асвел – Монако (20:30 часот)

Асвел како бранител на титулата во Франција би требало со триумф да тргне во новиот шампионски поход. Монако двапати загуби како гостин кај Асвел во лигашки рамки, но го доби евролигашкиот дуел во кој Кнезовите постигнаа 100 поени.

Влогот сега е поголем и затоа се предвидува дека фаворитот ќе ја оправда улогата, односно ќе го одбрани домашниот терен на стартот од финалната серија.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

8141 Барселона – Реал Мадрид (21 часот)

Кралевите го нокаутираа актуелниот шпански првак во првиот дуел од финалната серија, па сега Барса нема простор одново да ги разочара своите навивачи.

Со нов пораз на домашен терен, Каталонците практично ќе се збогуваат од титулата, но нам поважно ни е да се повтори ефикасното издание на двете екипи како во првата средба, кога се постигнаа вкупно 163 поени.

Предлог тип: >158,5 (2.02)

 

7129 Mекензи Мекдоналд – Феликс Ожер-Алисим (17:30 часот)

Турнирот во Хале е еден од поинтересните за следење кој доаѓа како загревање пред Вимблдон. Мекдоналд тука тргна со чиста победа над Хеслер, додека Ожер-Алисим доста се потроши во победата по три сета над Џиром.

Сега повторно Американец му е противник на деветтиот најдобар тенисер во светот, а се очекува и овој дуел да се одлучува во три сета и да се играат над 20 гемови.

Предлог тип: >22,5 гемови (2.07)

- Оглас -

Најнови вести