Комедии во Англија: Прво ги вадеа головите, па ги сечеа стативите (ВИДЕО)

Англискиот фудбал денеска понуди големо дерби во Премиер лигата, комедии со ВАР-технологијата и проблемите со системот за комуникација во Лидс, а интересно беше во Чемпионшип дивизијата, каде што головите на модерниот стадион на Хал биле превисоки.

Пред почетокот на натпреварот меѓу Хал и Бирмингам, судиите и техниката пред мечот утврдија дека головите на „МКМ“ стадионот се превисоки.

Мерењето покажа дека головите се повисоки за 5,08 сантиметри, поради што тие се извадени и на теренот влегоа мајстори за да ги исечат. Поради оваа комична ситуација, вадењето на стативите, сечењето, па нивното повторно местење и калибрирање, натпреварот започна со задоцнување од 30 минути. 

https://twitter.com/i/status/1581644243377930245

- Оглас -

Најнови вести