Нов циркус во Англија – Падна системот за комуникација на судиите, мечот меѓу Лидс и Арсенал е прекинат

Само што почна мечот на „Еланд роуд“ меѓу Лидс и Арсенал веднаш имаше прекин и неофицијално причината е што ВАР системот се исклучил и не функционира, а потоа е објаснето дека и системот за комуникација меѓу судиите не работи.

Само што се згреаа играчите на двата тима и почна дуелот имаше прекин и тој трае веќе над 10 минути се додека не се санира проблемот.

Арсенал како лидер во Премиер лигата му е гостин на Лидс и ако победи ќе остане на врвот и по 11-то коло.

По 10-на минути судијата Крис Кавано ги испрати играчите во соблекувална, бидејќи судиите не можеле да комуницираат со колегите во ВАР собата, но и меѓусебе.

- Оглас -

Најнови вести