Комедија во Ивањица, изведувачот на корнер се сопна, ама гол сепак падна (Видео)

Последното коло во српската Суперлига кое се играше вчера, донесе прослава на новата шампионска титула на Црвена ѕвезда, па некако во сенка беа останатите мечеви. Затоа и без поголемо внимание мина еден од петте гола кои Јавор од Ивањица ги постигна на дуелот со Инѓија. А, голот вреди да се види, затоа што почетокот на акцијата е смешен.

Домашните требаше да изведат корнер, но брзаа, сакаа да изведат нешто како во стилот на Ливерпул против Барселона, но тоа беше неуспешно, барем во прв момент. Изведувачот на корнерот наместо топката, го удри корнер знаменцето и падна на земја. Некако се придигна и додаде до својот најблизок колега, а тој убаво нафрли и Јавор постигна гол за 1-0 во 25-тата минута.

Погледнете што се случи и како од најлош, корнерот се претвори во среќен:

https://twitter.com/i/status/1274429251564027905

- Оглас -

Најнови вести