Комичен автогол си даде нисколигашот: Ливерпул продолжува во ФА купот (видео)

Ливерпул ќе игра во осминафиналето од ФА купот по минималната победа над третолигашот Шрусбери со минимални 1-0 во возвратната средба која се одигра на „Енфилд“. Резервниот состав на Црвените кој го сочинуваа младинци си ја завршија работата со помош на дефанзивецот Вилијамс.

Стоперот на гостите во 75-тата минута си постигна комичен автогол забивајќи ја топката во својата мрежа, што беше доволно за Ливерпул да продолжи во следната фаза од најстарото фудбалско натпреварување во светот.

https://twitter.com/FootyComps8/status/1224809155996934146

- Оглас -

Најнови вести