Комити и фудбалерите на Вардар покажаа заедништво!

Навивачката група Комити имаше објава на социјалните мрежи откако нивни претставници се појавија на тренингот на Црвено-црните, од чии резултати не се задоволни.

„ЗАЕДНО ДО КРАЈ!

Претставници на групата вчера присуствуваа на тренингот на тимот.

На сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите јасно им се даде дознаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати!

Приказната за клубот на народот крваво ја градеа илјадници луѓе и затоа нема да дозволиме никој да си поигрува со идентитетот на нашата борба!

Воедно, упативме целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим.

Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА!

За крај, упатуваме апел до сите навивачи на клубот – паузата да ја искористиме за најголема комитска МОБИЛИЗАЦИЈА!

Нека пркоси црвено-црното, нека доминира!

НАШАТА ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА“, порачаа Комитите.

- Оглас -

Најнови вести