Комити и Војводи со братско навивање направија фешта (Видео)

Вардар и Тетекс играат 1:1 по првото полувреме, во дуел на екипи кои имаат збратимени навивачи. „Комити“ и „Војводи“ заеднички навиваат на трибината на стадионот „Борис Трајковски“, а по првиот дел имаше по еден гол во двете мрежи.

„Црвено-црните“ поведоа со 1:0 благодарение на голот на Жоглев со глава, по една добро изведена акција на домашниот тим во 11 минута. Потоа се случи фештата кога на теренот долетаа илјадници конфети, па мечот мораше да биде прекинат.

Прекинот траеше 20-тина минути, додека не се исчисти теренот од конфетите. Откако средбата продолжи, Тетекс израмни во 58 минута, односно 13-тата минута од продолжението, кога по една несмасна интервенција, Мартин Радуловиќ Величковиќ си постигна автогол.

 

- Оглас -

Најнови вести