Полн ќе биде стадионот за хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена ѕвезда, а најверните навивачи на македонскиот фудбалски гигант пред почетокот на средбата упатија моќна порака.
Се работи за цитат од „Тешкото“ на Блаже Коневски. „И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик“.
Овој меч е со цел да им се помогне на семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани која се случи точно пред еден месец. Животот во таа трагедија го загубија 61 лице, а повеќе од 200 беа повредени.