Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар освои само три бода по првите три кола од новото првенство, што е разочарувачки, барем според амбициите кои беа најавувани пред стартот.
Во првото коло Вардар загуби со 3:1 во Струмица од Брера, потоа следуваше минимална победа од 1:0 против Пелистер во македонското фудбалско дерби, за денеска Црвено-црните повторно разочараат и загубат со 3:0 од Шкупи во Чаир.
Со шест примени гола во три меча, Вардар ја има втората најслаба одбрана (Воска прими седум гола досега) и затоа тимот е во долниот дел од табелата.
По поразот од Шкупи, со порака на фејсбук профилот се јави навивачката грипа Комити. Од Комити имаа кратка порака која гласи: РИБАТА СМРДИ ОД ГЛАВАТА, ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ЗА УПРАВАТА
Вардар пред почетокот на сезоната доби спонзорство од еден милион евра, а тој договор го потпиша претседателот на клубот Милорад Миленковски. По тој договор расположението кај вардарци беше дека најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија конечно ќе се врати на стари патеки, но за жал почетните три кола не го покажуваа тоа.