Навивачката група на скопски Вардар, Комити, со соопштение информира дека нема да патува во Битола за вечното дерби против Пелистер во сабота. Комити на ваков потег се одлучија во знак на солидарност со сите семејства на погодените во оваа трагедија во која животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.
„Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства погодени од големиот ужас, одлучивме дека нема да присуствуваме на следниот натпревар на ФК Вардар, кој ќе се одигра на 29.03.2025 во Битола, против екипата на Пелистер. Сметаме дека во моменти кога народот тагува и жали, ова е единствената логична одлука која групата можеше да ја донесе. Вардар во срцето, Македонија во душата!“, се вели во соопштението на навивачката група Комити.