Комо договори милионски трансфер на еден од најталентираните млади Шпанци

Италијанскиот калчолигаш Комо е едно од најголемите освежувања во Серија А. Екипата на Сеск Фабрегас располага со многу талентирани играчи, а сега ќе додаде уште еден во своите редови.

Клубот го договори трансферот на младиот шпански репрезентативец Асан Дијао.

Овој 19-годишен играч доаѓа од Бетис, каде што и ја започна својата кариера. Комо ќе плати 12 милиони евра за неговите услуги. Оваа сезона за Бетис одигра 19 натпревари, постигна два гола и забележа три асистенции.

Дијао веќе има одиграно четири натпревари за шпанската репрезентација до 21 година, а беше стандарден член на помладите национални селекции на Шпанија.

Во Ла Лига оваа сезона постигна еден гол, кој беше против Барселона во судиското продолжение за конечни 2-2.

- Оглас -

Најнови вести