Комо го доведе Мартин Батурина од Динамо Загреб за 17 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Комо и официјално го претстави хрватскиот репрезентативец Мартин Батурина како ново засилување. Талентираниот играч од средниот ред доаѓа од Динамо Загреб, а трансферот е вреден 17 милиони евра, со дополнителни 5 милиони во форма на бонуси.

Дваесет и двегодишниот Батурина потпиша договор на пет години со клубот кој ова лето е исклучително активен на трансфер-пазарот.

Во сезоната што заврши, Батурина одигра 45 натпревари за Динамо, постигнувајќи шест гола и забележувајќи 12 асистенции. Тој веќе има 12 настапи за сениорската репрезентација на Хрватска и важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција.

- Оглас -

Најнови вести