Комо и Бари сигурно победуваат, ефикасно ќе биде во Шпанија, Германија и Италија (Фото)

1301 Алавес – Жирона (21:00)

Екипите на Алавес и Жирона играат меч без некое поголемо резултатско значење, па фудбалерите на двете екипи може да се „опуштат“ и да одиграат ефикасен меч со голови во двете мрежи. Гостите го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека домашниот состав е во златната средина и не е загрозен од испаѓање. Шест од последните седум меѓусебни дуели на овие две екипи завршија „гол-гол“, а со голови на двете страни завршија и четири од последните пет меча на Жирона.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.17)

 

3001 Фрозиноне – Интер (20:45)

Новиот шампион на Италија, Интер, гостува кај Фрозиноне, кој сè уште стравува за својот опстанок. Домашните ќе мора да напаѓаат за да дојдат до бодови за спас, додека гостинот ќе може да одигра опуштено, но и шанса за настап да добијат некои фудбалери кои немаат голема минутажа. Овие две екипи имаат одиграно само пет меѓусебни натпревари, на кои дури трипати имало најмалку по три гола. Таков беше случајот на две од последните три средби.

Предлог тип: : 1+I&3+ (1.78)

 

1801 Аугсбург – Штутгарт (20:30)

Просекот на голови на Аугсбург и Штутгарт оваа сезона е над три гола по натпревар во Бундеслигата. На натпреварите на кои настапи Штутгарт беа постигнати 112 гола на 32 меча, додека кај Аугсбург беа постигнати 106 погодоци. На последните осум меѓусебни дуели имаше најмалку по два гола, а дури на седум од нив најмалку по три погодоци.

Предлог тип: : 1-3I&1-3II (1.75)

 

3011 Комо – Козенца (20:30)

Фудбалерите на Комо се пред промоција во Серија А, па во последното коло од Серија Б пред своите гледачи ќе сакаат пласманот во повисок ранг да го прослават со победа. Козенца веќе нема шанси да се најде во плејофот, што дополнително им ја олеснува работата на домашните, кои ќе ѝ се придружат на Парма како втора екипа која од следната сезона ќе ја гледаме во италијанската Серија А. Дуелите на овие две екипи секогаш биле ефикасни, па на последните четири секогаш имало најмалку по три гола.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.90)

 

3019 Бари – Бреша (20:30)

Екипата на Бари е пред императив да мора да победи на денешниот дуел против Бреша и да се спаси од директно испаѓање, а со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат на табелата, веројатно би биле задоволни ако стигнат и до плејаутот. Бреша веќе си го има обезбедено местото во плејофот и ќе разигрува за пласман во повисок ранг и сигурно ќе ги одмори најдобрите фудбалери за она што ќе им следува. Изненадувачки и покрај лошиот пласман, екипата на Бари победи на последните четири меѓусебни натпревари против Бреша.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.81)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести