Комо не го пушта Фабрегас во Интер

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, нема да го напушти клубот ова лето, потврди претседателот на клубот, Мирван Суварсо. Во изминатите денови шпанскиот стратег беше силно поврзуван со Интер како можна замена за Симоне Инѕаги, кој си замина од миланскиот клуб по завршувањето на сезоната.

„Имаме долгорочен проект и Сеск Фабрегас е клучна фигура во него. Тој нема да го напушти клубот“, изјави Суварсо.

Фабрегас ја предводеше екипата на Комо до историска промоција во Серија А, а оваа сезона успеа да го стабилизира тимот во елитата на италијанскиот фудбал. Благодарение на неговата работа и визија, интерес за него покажаа не само Интер, туку и германскиот клуб Лајпциг, но двете екипи не успеаја да го доведат во своите редови.

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер веќе работи на други опции, меѓу кои се споменуваат имињата на Кристијан Киву, актуелен тренер на Парма, и Патрик Виеира, кој моментно ја води Џеноа.

Со ова Комо ја задржува стабилноста и продолжува со градење на проектот под водство на амбициозниот Фабрегас, кој добива сѐ поголем респект во тренерските кругови ширум Европа.

- Оглас -

Најнови вести