Болоња ја оствари деветтата победа во Серија А оваа сезона совладувајќи го Комо со 2-0. Гостите од 38-та минута беа со играч помалку поради исклучувањето на Фадера, а Болоња тоа знаеше да го искористи.
Де Силвестри во 25-та минута донесе водство за Болоња, а потоа и Комо остана со десетмина на теренот.
Фабијан во 66-та минута ја потврди победата на Болоња со втор гол.