Комо растура во Серија А, Милан остана во игра за излез во Европа

Милан победи со 2-0 на гостувањето кај Венеција, а Комо со 1-0 беше подобар од Џенова во првите денешни натпревари од италијанската Серија А.

Росонерите до победата против претпоследниот тим на табелата дојдоа со гол на Американецот Кристијан Пулишиќ уште во 5-тата минута, а точка стави Хименес во финишот. Пулишиќ сега има двоцифрен број на голови и асистенции сезонава. Росонерите се деветти на табелата и уште имаат шанса да изборат пласман во европските купови.

Комо е во феноменална серија од четири победи по ред, ваква серија во италијанското првенство нема ниту еден друг тим во моментов. Со новите три бода, Комо и математички го обезбеди опстанокот.

- Оглас -

Најнови вести