Комо се засили со фудбалер на Манчестер сити

Новиот италијански прволигаш, Комо, официјално објави дека на позајмица го доведе 21-годишниот Аргентинец Максимо Пероне кој официјално е играч на Манчестер сити каде дојде лани во јануари од Велез Сарсфилд.

Минатата сезона, креативниот фудбалер од средниот ред, Пероне, играше како позајмен во шпанскиот прволигаш Лас Палмас, а за англискиот првак има одиграно само еден меч. Во дилот за позајмица, нема опција за откуп на договорот, што значи следното лето Пероне треба да се врати во Сити.

- Оглас -

Најнови вести