Комо игра како по ноти оваа сезона во Серија А и успеа да стигне и до четвртата позиција која води во Лигата на шампионите. Тимот на Сеск Фабрегас со пресврт ја совлада Рома со 2-1 и се искачи над Јувентус на четвртото место на табелата.
Дониел Мален од пенал донесе водство за римјаните во седмата минута, но Комо израмни преку Довикас во 59-тата минута. Само пет минути подоцна Рома остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Весли.
Комо знаеше тоа да го искористи и постигна победнички погодок преку Диего Карлос во 79-тата минута.

