Компани пред мечот со Интер: „Мора да покажеме карактер“

Баерн Минхен во вторник го игра првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Интер на домашен терен. Тренерот на Баварците, Винсан Компани, има големи проблеми со повредени фудбалери, а најголем хендикеп е отсуството на Џамал Мусијала.

„Оваа сезона веќе игравме без Џамал. Можеме да најдеме креативни решенија во нападот. Меѓутоа, нема шанси да го замениме неговиот талент со друг фудбалер, па ќе мора тоа да го надополниме со тимска игра. Искуството секогаш е важно на вакви натпревари. Имаме доволно искусни фудбалери во екипата, но ги има и Интер. Последните денови приоритет ни беше да се подготвиме за овој меч. Томас Милер сам ќе одлучи дали ќе игра. Но, нема да се жалиме. Нема да ги промениме нашите цели само поради повредите. Со нетрпение го очекуваме мечот против Интер и верувам дека ќе оствариме добар резултат за нас. Најважно е да покажеме карактер“, рече Компани на официјалната прес-конференција пред мечот со Интер.

- Оглас -

Најнови вести