Компани со тројна круна се прости од Сити и се врати Андерлехт

Винсен Компани на најдобар можен начин се прости од Манчестер сити. Со освоена тројна домашна круна по вчерашното декласирање над Ватфорд во финалето од ФА Купот. Доскорешниот капитен на Граѓаните претходно месецов ја крена и титулата во Премиер лигата, по четврти пат, а во февруари го освои и Лига купот на Англија.

По 11 години, тој му кажа збогум на Манчестер, а од денес и официјално е назначен за тренер-играч на Андерлехт. Компани потпиша тригодишен договор со белгискиот тим, чии бои ги бранеше од 2003 до 2006 година.

„Ова е најемотивна, но и најрационална одлука која сум ја донел во мојата кариера. Сакам да го споделам моето искуство и знаење со новата виолетова генерација. Имам идеја да го внесам внесам духот на Сити во срцето на Белгија“, стои во дел од емотивното писмо кое го објави Компани.

Компани просефионалната кариера ја започна токму во редовите на белгискиот гигант. Запиша повеќе од 100 сениорски настапи во сите натпреварувања, за потоа се пресели во Бундеслигата во таборот на Хамбургер. Од 2008 година, дефанзивецот беше најавен како прво засилување во ерата на мултимилионските вложувања на Сити, со кои освои четири титули во Премиер лигата, четири Лига купови и два ФА купови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести