Потврда на доминацијата: Сити го освои ФА купот и дојде до тројна англиска круна

Манчестер сити го торпедираше Ватфорд во финалето од ФА купот со високи 6-0 за потврда на доминацијата во Англија. Избраниците на Пеп Гвардиола испишаа нови страници во историјата на англискиот фудбал, како прв тим кој ги освои сите три натпреварувања во една сезона. Лига купот беше обезбеден уште во февруари, Премиер лигата ја одбранија пред неколку дена, а денес во голем стил стигнаа до хет-трик трофеи.

Голеадата ја започна Давид Силва во 26-тата минута, додека Стерлинг зголеми на 2-0 во 38-та минута. Жесус и Де Брајне си наместија по еден погодок, а Стерлинг до крајот на мечот оствари хет-трик, па славјето на „Вембли“ од страна на навивачи во сино-бела боја можеше да почне.

Воедно, Граѓаните го израмнија рекордот на погодоци во едно финале на ФА купот. Последен пат кога една екипа го освои ФА купот со победа од 6-0 беше Бари против Дерби каунти во далечната 1903 година. Инаку, ова е шести трофеј за Сити во најстариот фудбалски куп на светот.

 

 

https://www.dailymotion.com/video/x78ommf

 

 

- Оглас -

Најнови вести