-0.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Конате бара во Ливерпул да биде платен како Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк

Англискиот премиерлигаш Ливерпул и Ибрахима Конате веќе речиси 18 месеци преговараат за нов договор на Французинот. Сегашниот договор на централниот дефанзивец истекува следното лето, но двете страни сè уште се многу далеку од постигнување согласност.

Една од причините е тоа што Конате инсистира да биде третиран како еден од најдобрите играчи во тимот и поради тоа бара плата слична на онаа на најплатените фудбалери во Ливерпул, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Раководството на клубот не е подготвено да му ја понуди таквата плата.

И покрај слабиот старт на Конате оваа сезона, во Ливерпул сè уште гледаат на него како на еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па понудите што му биле дадени досега нема да бидат повлечени.

Реал Мадрид беше поврзуван со Французинот, но според последните информации, Кралскиот клуб се откажал од негово ангажирање. Одреден интерес покажува Пари Сен Жермен.

Следниот месец Конате ќе има можност да преговара со странски клубови доколку дотогаш не го продолжи договорот.

- Оглас -

Најнови вести