4.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Конате се договорил со Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид наводно обезбедил големо засилување за наредната сезона во францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, тврдат шпанските медиуми.

Според пишувањата, 25-годишниот стопер постигнал договор со Кралевите и во јануари ќе го официјализира трансферот. Тој ќе пристигне како слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул идното лето.

Конате би требало да потпише договор со Реал до 2031 година, а поради тоа веќе одбил три понуди за продолжување на соработката со англискиот шампион и богата понуда од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести