15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Кондициски тренер од Франција ги подготвува македонските одбојкари

Македонската репрезентација во одбојка која во септември ќе учествува на Европското првенство, ја има првата фаза од подготовките, во која селекторот Никола Матијашевиќ се обидува да ја врати формата после завршување на клупската сезона. Тренираат 15 одбојкари, а со нив работи и кондицискиот тренер од Франција, Жан Пјер Рејно Шоке, стратегот за физичка подготовка на Париз волеј.

Шоке има работено со браќата Ѓорѓиеви, а негова задача е да го подготви тимот да може добро да ги поднесе напорите на групната фаза од ЕП во Љубљана, кога за шест дена ќе треба да се играат пет тешки мечеви.

Екипата ќе работи во Скопје уште една недела, по што ќе заминат на тринеделен одмор. Повторниот собир е закажан за 14 јули во Маврово, а потоа во август, „спартанците“ ќе одиграат шест контролни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести