-10.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Конечно дочекаа гостување на легендарниот стадион – Милан за првпат во 122-годишната историја ќе игра на „Енфилд роуд“

Милан конечно дочека да биде гостин на официјален меч на „Енфилд роуд“ кај шесткратниот европски првак Ливерпул откако двата гиганти со вкупно 13 шампионски пехари во КЕШ, или ЛШ, се најдоа во иста група при извлекувањето што вечерва се одржа во Истанбул.

Симболично, на местото на коешто двете екипи го одиграа највозбудливото финале во Лигата на шампионите во 2005 година, сега за првпат ќе играат меѓу себе, и тоа двапати во фаза по групи.

На 25 мај во 2005 година, во невиден трилер за пехарот во ЛШ, Милан имаше игромна предност од 3:0 по првото полувреме и беше на прагот на осмиот трофеј во луксузното натпреварување, но пехарот го освои Ливерпул со невидена претстава во второто полувреме.

Црвените од Енфилд израмнија на 3:3, а потоа на пенали славеа со 3:2 во највозбудливото финале во ЛШ.

Милан пропушти златна шанса да се закити со осмиот пехар во ова натпреварување, но му се реваншира на Ливерпул само две години подоцна во Атина, со победа од 2:1 во ново финале во ЛШ.

Интересно е што во 122-годишната историја никогаш не гостувал на култниот стадион „Енфилд роуд“ на меч против Ливерпул.

Сега и тоа конечно ќе се случи, откако двете екипи паднаа во истата Б група, заедно со Атлетико Мадрид и Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести