15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Конечно дојде официјализација, Чиро Имобиле во дресот на Болоња!

Чиро Имобиле од денеска и официјално е нов член на Болоња. Италијанскиот 35-годишен напаѓач го напушти Бешикташ и се врати во татковината, но не во Лацио, каде што се прослави и беше капитен, туку во Болоња, која во следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Договорот на Имобиле со Болоњезите е на една сезона, со опција за продолжување за плус уште една.

Болоња е петтиот италијански тим за којшто ќе игра Имобиле. Тој бил член и на Јувентус, Џенова, Торино и Лацио. Со 201 гол, тој е осмиот стрелец во историјата на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести