Конечно и „патосираниот“ Морис се огласи по инцидентот со Србинот

Маркиф Морис, играчот што го започна инцидентот за којшто зборуваат сите во НБА-лигата, на крајот остана неповреден, иако токму тој најмногу настрада и заврши на паркетот во салата во Денвер.

Играчот на Мајами кој неспортски го фаулираше Никола Јокиќ, беше турнат од зад грб и заврши на паркетот, но, за среќа, без никакви повреди. Двајцата кошаркари беа исклучени, а дисциплинската комисија на НБА ги донесе и казните за сите оние коишто беа инволвирани во инцидентот.

Јокиќ по средбата се извини и призна дека направил неспортски потег, но додаде дека бил испровоциран. По речиси еден ден молк, се јави и Морис со свое видување на целата ситуација.

„Сакам да видам омраза. Без сомнение, направив тежок фаул, какви што и често правам, но никогаш не би удрил човек ако тој е свртен со грб. За среќа, јас сум поинаку воспитан. Мора да го поминеме и овој инцидент и да продолжиме понатаму“, рече Морис.

- Оглас -

Најнови вести