Конечно излеговме од друштвото земји кои никогаш не играле на ЕП

Со пласманот на Европското првенство во фудбал, македонската репрезентација побегна од друштвото на селекции кои никогаш не биле учесници на ЕП. На неславната листа на земји кои никогаш не играле на ЕП ги има Сан Марино, Лихтенштајн, Андора, Гибралтар, кои веројатно никогаш нема ни да учествуваат, но има и земји со голема фудбалска традиција, како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел, земји кои дале многу големи фудбалски имиња.

Во минатото, до 2012 година, потешко беше да се дојде на ЕП, а сега бројот на учесници е зголемен на 24 и одлуката на УЕФА за воведување на Лига на нации преку која помалите земји добија шанса придонесе мапата на земји учесници да се прошири и со Македонија.

Србија како самостојна земја има играно на три светски првенства, БиХ има играно на еден Мундијал, но никогаш не биле учесници на ЕП. Македонија е вкупно 35-тата земја која стигнала до ЕП, па сега останаа 20-тина членки на УЕФА кои никогаш не играле на континенталниот собир. На таа црна листа се: Андора, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Сан Марино, Лихтенштајн, Малта, БиХ, Црна Гора, Кипар, Естонија, Фарски Острови, Грузија, Гибралтар, Израел, Казахстан, Косово, Литванија, Молдавија, Србија, а над 20 години на ЕП не играле ни Словенија ни Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести