-2.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Конечно: Јувентус по повеќе од три години ја победи Болоња (Видео)

Јувентус конечно, по пауза од три години успеа да победи против Болоња. Последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваа нерешено, но оваа традиција беше срушена вечерва.

Херој на „старата дама“ беше колумбискиот интернационалец Хуан Кабал, кој беше уфрлен во игра во 61-вата минута, а само три минути подоцна го постигна победничкиот гол.

Болоња во 69-тата минута остана со фудбалер помалку, откако Хегем беше исклучен. Јувентус со овие три бода ја мина Болоња на табелата и се искачи на петтата позиција со бод повеќе од денешниот противник.

- Оглас -

Најнови вести