Конечно малку насмевки и задоволство, младите кошаркари не се последни на ЕП

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 20 години, го избегна последното место на Европското првенство, а првата и единствена победа на шампионатот ја извојува денеска против Црна Гора во меч за 15-то место.

Овој утешен дуел беше помеѓу две селекции кои испаднаа во Б дивизија и вгодина се селат во понизок ранг. Досега Македонија сите мечеви ги губеше со двоцифрена разлика, а денеска победата беше со над 10 поени разлика.

На средбата со Црногорците, седум македонски играчи (Симиќ, Стојаноски, Бојлев, Бошалески, Иванов, Шошкиќ и Јовановиќ) постигнаа 8 или повеќе поени. Црна Гора беше подобра во првата и последната четвртина, но клучни беа вториот и третиот квартал кои нашиот тим ги доби убедливо, па на крај победата беше изразена со 81-69 и ги оставивме Црногорците без ниту една победа на првенството.

- Оглас -

Најнови вести