Конечно малку среќа и за Барса, Ла Лига ја одобри регистрацијата на Дани Олмо

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо и во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Барселона, откако Ла Лига доцна вечерва ги прифати гаранциите на каталонскиот гигант и ја одобри регистрацијата на фудбалерот. Со ова заврши сагата околу дополнителната регистрација на Дани Олмо, чија иднина во дресот на Барса беше сериозно загрозена.

Жоан Лапорта и неговите соработници направија максимални напори да ги обезбедат финансиските средства, Барселона успеа да го задоволи финансискиот фер-плеј и Ла Лига дури во третиот обид го одобри регистрирањето на Дани Олмо.

Барселона мораше да продаде ВИП позиции на „Камп Ноу“ за наредните две децении, но на крајот сепак сѐ се заврши со хепиенд за шпанскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести