34.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Конечно реализиран историскиот трансфер во Галатасарај

Наполи и Галатасарај конечно постигнаа целосен договор за продажба на нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен по неговиот неверојатно успешен период на позајмица во Истанбул во сезоната 2024-25.

Голгетерот кој минатата сезона играше како позајмен играч во Галатасарај, блесна и во 41 меч во сите натпреварувања имаше 37 гола и осум асистенции, па секако дека беше еден од најзаслужните што турскиот гигант ги освои трофеите во првенството и во Купот.

И покрај тоа што Галатасарај се согласи да ја плати целосната клаузула за ослободување од 75 милиони евра што важеше во договорот на Осимен во првата половина на јули, преговорите се влечеа неколку недели, со препирки околу структурата и ратите вклучени во договорот, а Наполи бараше официјални гаранции за плаќањето.

Конечно е постигнат договор целосната сума од 75 милиони евра за трансферот да биде исплатена до крајот на 2026 година. Наполи ќе добие 40 милиони евра однапред, а преостанатите 35 милиони евра ќе му бидат платени до крајот на 2026 година.

Во договорот постои и таканаречена „клаузула против Серија А“, што ќе го спречи Осимен да се приклучи на еден од директните ривали на Наполи во Серија А во следните 24 месеци.

- Оглас -

Најнови вести