Конечно се исплати довербата во надежите: Абрахам и Маунт ја донесоа првата победа за Лампард (видео)

Претстојното трето коло во Премиер лигата стартуваше со победа на Челзи од 3-2 на гостувањето кај Норич. Сините конечно остварија позитивен резултат откако Френк Лампард го презеде кормилото, а за трите бода најзаслужни беа талентираните Англичани Тами Абрахам и Мејсон Маунт.

Отворениот фудбал во воведните минути од мечот на „Кероу роуд“ резултиташе со два брзи погодоци. Абрахам стрелаше за гостите во третата минута, но Канаринците израмнија преку Кантвел само три минути подоцна. Веќе по 20 минути игра се видоа вкупно три гола, а Маунт повторно го стави Челзи во резултатска предност.

Меѓутоа, Пуки ја продолжи извонредната голгетерска форма и го запиша петтиот овосезонски гол во три меча и израмни на 2-2 во 30-тата минута. Избраниците на Лампард во второто полувреме притискаа за трет гол, а Абрахам одговори на предизвикот и во 68-та минута одново се запиша во листата стрелци за конечни 3-2.

https://twitter.com/STREQM1/status/1165227062300499969

https://twitter.com/FootballWTF247/status/1165231688538103808

https://twitter.com/STREQM1/status/1165247471582359553

- Оглас -

Најнови вести