По неколкунеделен молк откако на виделина излегоа проблемите и недоразбирањата во Наполи, Виктор Осимен конечно се огласи и изјави дека е среќен во италијанскиот шампион.
Тензиите започнаа откако медија тимот на Наполи на социјалните мрежи објави видео во кое го исмева Осимен, а потоа медиумите објави дека напаѓачот не е во добри односи со тренерот Руди Гарсија.
Дури сега Осимен одлучи да се огласи и да ги прекине шпекулациите.
„Среќен сум во Наполи. Луѓето не знаат колку е тешко да се игра во Серија А. Од тактички и од физички аспект, ова е најтешката лига за играње“, изјави Осимен.
Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, откако не успеа да го убеди Осимен да потпише нов договор, ја одреди сумата за која е подготвен да го продаде одличниот напаѓач, 150 милиони евра.