Арбитражниот суд за Спорт во Лозана, Швајцарија конечно стави крај на срамната кавга меѓу Нант и Кардиф за трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала.
ЦАС пресуди во корист на Нант и велшкиот клуб ќе мора да ја плати целата сума од договорениот трансфер во зимскиот преоден рок во јануари пред три години, кога Сала трагично загина во авионска несреќа.
Тогаш Кардиф требаше да плати сума од 17 милиони евра на сметката на Нант, но трансферот мина во сенка на ужасната трагедија.
Аргентинецот се враќаше од Нант каде замина да се поздрави со соиграчите во Велика Британија на пат кон новиот клуб, Кардиф, а патувањето со авион заврши трагично со смрт на Сала на 21 јануари во 2019 година.
Потоа следеше ужасот на релација Нант и Кардиф и битката за пари од трансферот на веќе загинатиот фудбалер.
Нант бараше да асе плати целата сума, од Кардиф одговараа дека нема основа и резон да се платат парите,па дури сега Арбитражниот суд пресуди Велшаните да им платат на Француските полна сума од 17 милиони евра, плус и трошоци.